ВОВЕД
Настојувајќи да се идентификуваат различните структури и потреби на своите клиенти, особено на сегментот на средни претпријатија, ПроКредит Баниа го основа Секторот за корпоративни клиенти во рамките на својата организациона структура. Нашиот тим од млади професионалци се посветени да создадат, одржат и развијат долгорочни односи со нашите корпоративни клиенти, задоволувајќи ги нивните бизнис потреби и интереси.
Понудувајќи пакет со целосни банкарски услуги, ПроКредит Банка посветува внимание на директен пристап на своите клиенти и го следи нивниот постојан развој. Бизнисот на корпоративните клиенти е поддржан од Одговорните лица за регионална соработка со корпоративни клиенти - лица за контакт кои го познаваат бизнисот на клиентот и се грижат клиентите да бидат опслужени во најкраток можен рок и на најдобар начин.
Без разлика дали сте мала или средна компанија или претставник на поголема меѓународна компанија или НВО, нашите Одговорни лица за регионална соработка со корпоративни клиенти ќе Ви го олеснат работењето со банка и додаваат поголема вредност во вашиот бизнис.
Пишете ни на
ask.corporate@procreditbank.com.mk