Трансакциска сметка
Преку трансакциската сметка во ПроКредит Банка може:
- Да примате плата или пензија
- Да вршите уплата и исплата без провизија
- Да вршите плаќања во земјата и странство
- Имате можност за дозволено пречекорување на сметка
- Да ги плаќате сметките за комуналии (телефон, струја, вода, парно, кабловска) на благајните на ПроКредит Банка без провизија
- Да активирате траен налог за плаќање и штедење
- Да побарате кредит за реновирање како и потрошувачки кредит
- Да го проверите салдото на своите сметки на интернет со услугата електронско банкарство и електронски изводи
- Да аплицирате за дебитна или кредитна картичка од брендовите на Visa и Master, преку која ќе имате пристап до Вашите средства на Вашата сметка на продажните места ширум светот и банкоматите, 24/7 во неделата, 365 дена во годината.
Потребни документи за отворање на трансакциска сметка за физичко лице во ПроКредит Банка:
- Документ за лична идентификација (лична карта или пасош)
Достапност на Вашите средства:
- во било која експозитура на ПроКредит Банка, без разлика каде е отворена Вашата сметка (мапа на експозитури на ПроКредит Банка)
- преку системот за електронско банкарство, каде и да сте во земјата или странство
- над 90 банкомати на ПроКредит Банка низ државата и над 1.000.000 банкомати во светот (локатор на банкомати на ПроКредит Банка)
- над 500 ПОС терминали на ПроКредит Банка во државата и над 40.000.000 ПОС терминали во светот
Постојана услуга од Контакт Центарот на телефонот 02/2446 000 за:
- сите информации поврзани со услугите на ПроКредит Банка
- информација за состојбите на Вашите сметки
- информации поврзани со Вашите картички: можности за плаќање, следење на трансакциите, губење на картичката... итн.
Љубезна услуга и професионален совет:
Вашиот советник за клиенти ќе Ви помогне во водењето на Вашите лични финансии и ќе Ве советува со цел да се пронајде најдоброто решение во склад со Вашите потреби.