Последни вести

25.04.2012

НОВО!

Бизнис кредити со подолги рокови за нови инвестиции и рефинансирање на постоечки кредити

прочитај повеќе

20.02.2012

Потврда на "Fitch'' рејтингот

прочитај повеќе

СООПШТЕНИЕ

за корисници на услуги од банки и штедилници

прочитај повеќе

Добивај ги сите новости во твоето сандаче

КРИТЕРИУМИ ЗА РЕФИНАНСИРАЊЕ ЗА ЗКДФ КРЕДИТНАТА ЛИНИЈА 

•  КРЕДИТНИ КАТЕГОРИИ  

1.  КРЕДИТИ ЗА ПРИМАРНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО

до 100 000 евра по кредитокорисник *

  Годишна каматна стапка:

-  4% за кредити пласирани преку вклучените деловни банки

6% за кредити пласирани преку вклучените штедилници 

Потенцијални корисници:

•  носители на земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства

•  мали и средни претпријатија кои се занимаваат со примарно земјоделско производство 

Намена: За сите подсектори во примарното земјоделско производство (поледелство, овоштарство, лозарство, производство на семенски и расаден материјал , сточарство, одгледување и селекција на расни животни, итн.) за набавка на:

•  основни средства (земјоделска механизација, опрема, објекти во функција на примарното земјоделско производство, земјоделско земјиште, основно стадо, долгогодишни насади, итн.)

•  обртни средства (семенски материјали, добиточна храна, ѓубриво заштитни средства, итн.)

•  услуги за воведување на стандарди и ознаки во примарното земјоделско производство

*) Лимитот за кредити наменети за набавка на основни и обртни средства за оранжериско производство во износ од 100.000 евра времено е зголемен на 400.000 евра по кредитокорисник. Износот над 100.000 евра до лимитот од 400.000 евра може да се искористи само за набавка на обртни средства (семенски материјали, вештачки ѓубрива, заштитни препарати и мазут како енергенс за затоплување).

2.  КРЕДИТИ ЗА ПРЕРАБОТКА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ

до 300 000** евра по кредитокорисник, освен за преработка на житни култури каде лимитот изнесува 200 000 евра

Годишна каматна стапка:

- 5% за кредити пласирани преку вклучените деловни банки

- 6,5% за кредити пласирани преку вклучените штедилници

Потенцијални корисници:

•  мали и средни претпријатија кои вршат преработка на примарни земјоделски производи 

Намена:

•  набавка на основни средства (опрема, производни објекти, специјални транспортни средства, итн.)

•  набавка на обртни средства (откуп на суровина, амбалажа , итн.)

•  услуги за воведување на стандарди и ознаки за преработувачките капацитети 

**) Лимитот за кредити наменети за набавка на основни и обртни средства за капацитети за преработка на овошје, зеленчук, млеко, месо, печурки и зачински, лековити и ароматични производи во износ од 300.000 евра времено е зголемен на 500.000 евра по кредитокорисник. Износот над 300.000 евра до лимитот од 500.000 евра може да биде наменет само за откуп на суровини од земјоделско потекло наменети за преработка.
Лимитот на кредити наменети за набавка на основни и обртни средства за капацитети за преработка на грозје во износ од 300.000 евра привремено се зголемува на 700.000 евра по кредитокорисник.

Износот над 300.000 евра до новиот лимит од 700.000 евра може да биде наменет само за откуп на грозје за преработка.  

3.  КРЕДИТИ ЗА ТРГОВИЈА СО ПРИМАРНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ НАМЕНЕТИ ЗА ИЗВОЗ

до 200 000 евра по кредиткорисник

Годишна каматна стапка:

5% за кредити пласирани преку вклучените деловни банки

6,5% за кредити пласирани преку вклучените штедилници

Потенцијални корисници:

•  мали и средни претпријатија чија основна дејност е извоз на примарни земјоделски производи

Намена :

•  набавка на основни средства (разладни уреди, машини за калибрирање, објекти, итн.)

•  набавка на обртни средства (откуп на примарни земјоделски прозводи, амбалажа , итн.) 

•  ДРУГИ КРЕДИТНИ УСЛОВИ

Другите кредитни услови (потребна документација, рок на отплата , грејс период, обезбедување) ги утврдува секоја финансиска институција индивидуално согласно сопствената кредитна политика и во зависност од видот и намената на инвестицијата, износот на кредитот, условите на производство и друго.