Кредитна линија за развој на МСТД
(Кредитна политика)

Цел на кредитната линија
Оваа кредитна линија има за цел финансирање на инвестициите и развојот на малите и средни трговски друштва.

Корисници на кредитите 
Потенцијални корисници на кредитите се трговските друштва, регистрирани во Република Македонија, чиј капитал е над 51% во приватна сопственост и тоа:
     •  Постојани мали и средни трговски друштва кои остваруваат позитивен финансиски резултат и
     •  Нови мали и средни трговски друштва.
Со средствата од кредитната линија не се финансираат трговски активности, купување на други правни лица, инвестиции за кои се веќе одобрени кредити и сл.

Намена на кредитите 

    - Најмалку 50% од износот на кредитот е наменет за набавка на основни средства.
    - Најмногу до 50% од износот на кредитот може да биде наменет за обртни средства.

Со средствата од кредитната линија не се финансира набавка на основни стада и долгогодишни насади.

Општи услови на кредитите

Износ на кредитот :

15.000 – 500.000 ЕУР

Каматна стапка

      8% (на годишно ниво).
Каматната стапка е фиксна.

Валута на кредитот и каматата

       Кредитот се одобрува и се враќа во денари, со девизна клаузула. Каматата, исто така.

Рок на отплата

 

Грејс период

До 8 години

 

До 1 година

Обезбедување на кредитот

•  Хипотека на недвижен имот
•  Залог на подвижен имот, права и хартии од     вредност
•  Меници
•  Залог на недвижен имот и подвижни     предмети и права од личниот имот н     основачите
•  Други вообичаени инструменти на     обезбедување


Потребна документација  

1.

Кредитно барање со Инвестициска програма

2.

Тековна состојба од Централен регистар на Р. Македонија

3.

Имотен лист за недвижниот имот со кој располага кредитобарателот

4.

Годишни сметки за последните две односно три години

5.

Изјава дека нема поднесено друго кредитно барање за истиот проект во друга финансиска институција

6.

Податоци за учесник во платен промет

7.

Листа на најголеми должници и доверители

8.

Листа на членовите на органите на управување

9.

Побарувања / обврски ... од / кон