Корпоративни вредности
Добивај ги сите новости во твоето сандаче

ДЕЛОВНА ЕТИКА И СТАНДАРДИ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Дел од севкупната мисија на ПроКредит групата е да се утврдат стандарди во финансиските сектори во кои работиме. Целта е да се придонесе не само во поглед на целните групи кои ги опслужува Банката и квалитетот на финансиските услуги што ги обезбедува, туку и во поглед на деловната етика. Нашите силни корпоративни вредности играат клучна улога во оваа насока. Дефиниравме шест суштински принципи на кои се потпира работата на ПроКредит институциите:

  • Транспарентност: се придржуваме на принципот на давање транспарентни информации и на клиентите и на широката јавност и на вработените, а нашето однесување е едноставно и отворено;
  • Култура на отворена комуникација: ние сме отворени, фер и конструктивни во меѓусебната комуникација и работните конфликти ги решаваме професионално, преку соработка, со цел да се најде решение;
  • Општествена одговорност и толеранција: ние им даваме разумни совети на клиентите; нивната економска и финансиска ситуација, нивниот потенцијал и нивните потреби се оценуваат и се поврзуваат со соодветни “производи”; промовирањето на култура на штедење ни е особено важно; посветени сме на фер и однос со почит кон клиентите и вработените, без оглед на нивното потекло, боја на кожа, јазик, пол или религиозни и политички убедувања;
  • Услужна ориентираност: секој клиент се услужува срдечно, компетентно и љубезно. Нашите вработени се посветени на одлична грижа за клиенти, без оглед кои се и колку работа носат;
  • Високо професионални стандарди: секој вработен презема одговорност за квалитетот на својата работа и се стреми кон постојано професионално усовршување;
  • Висок степен на лична посветеност: оди паралелно со личниот интегритет и чесноста - карактеристики кои се бараат од сите вработени во сите институции на ПроКредит;

Овие вредности на ПроКредит се столбот на нашата корпоративна култура, се дискутираат и активно се применуваат во секојдневното работење. Покрај тоа, тие се одразуваат и во Кодексот на однесување, кој етичките принципи на групата ПроКредит ги пренесува во практични насоки за целиот персонал на ПроКредит. Со цел да бидеме сигурни дека вработените во целост ги разбираат сите дефинирани принципи, почетните обуки за новите вработени вклучуваат посебни сесии на кои се дискутира Кодексот на однесување и неговото значење за сите членови на нашиот тим. И за да бидеме сигурни дека вработените ќе останат посветени на нашите високи етички стандарди и ќе ги воочуваат новите проблеми и настани кои имаат етичка димензија за нашата институција, редовно се организираат интересни сесии за обука на вработените, на кои се презентираат детални проучувања на случаи и се разгледуваат примери кои е тешко да се дефинираат.

Друг аспект од обезбедувањето дека нашата институција се придржува до највисоките етички стандарди е доследната примена на меѓународните методи и процедури за најдобра практика за да се заштитиме од искористување како средство за перење пари или други нелегални активности, како финансирање терористички активности. Важно е да се познава клиентот и, во согласност со овој принцип, да се врши квалитетно известување и да се почитуваат применливите прописи.

Ние поставуваме стандарди и кога станува збор за влијанието на нашето кредитно работење врз животната средина. ПроКредит Банка Македонија има спроведено систем за управување со животната средина врз основа на постојана оценка на кредитното портфолио според критериумите за заштита на животната средина, продлабочена анализа на целокупните економски активности кои вклучуваат и потенцијални ризици за животната средина, како и одбивање на барањата за кредити од претпријатија вклучени во активности кои се сметаат за опасни по животната средина и се појавуваат на нашата листа на активности забранети за финансирање. Преку вградување на прашањата за заштита на животната редина во процесот за одобрување кредити, ПроКредит Банка Македонија е во можност да ја подигне севкупната економска свест на своите клиенти. Се подразбира дека при оценувањето на барањата за кредити, придржувањето до етичката деловна пракса е клучен момент. Не се одобруваат кредити на фирми или поединци, доколку постојат сомнежи дека тие користат морално неправилни облици на труд, особено детски труд.