Корпоративни информации
Добивај ги сите новости во твоето сандаче

Корпоративни информации

Износ на почетниот капитал кој е запишан во Централниот регистар

10.000.000 ЕУР

Вкупен износ на сопствени средства - основен капитал (исклучени субординирани обврски и ревалоризациони резерви) со 31/12/2010

849.802.000,00 МКД

Адекватност на капиталот, со 31/12/2010

13.6%

УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ

Доброто управување со ризик има суштинско значење за успешниот развој на нашата институција. Банката смета дека само доколку соодветни менаџмент ресурси и потребните структури се во функција – вклучувајќи го и Секторот за управување со ризик, одбори за управување со ризици и редовно известување – ризиците својствени за нашите активности можат да бидат идентификувани, проценети, надгледувани и правилно управувани.

За оваа цел, Банката постојано го развива системот за управување со ризик паралелно со својот раст, преку инвестирање во посветен кадар за управување со ризик, како и пошироката структура на комисии за управување со ризик. Оттука, додека Комитетот за управување со кредитен ризик е концентриран на кредитиниот ризик на банката, Комисијата за управување со средства и обврски (ALCO) главно се концентрира на ликвидносниот ризик, ризикот од финансирање, меѓу-банкарскиот ризик на изложеност, валутниот ризик и каматоносниот ризик, во исто време одржувајќи прегледност на ризикот за усогласеност и ризикот од работењето. Одборот за управување со оперативен ризик беше формиран како форум за отворена дискусија во врска со оперативните ризици со кои банката се соочува во текот на секојдневното работење и за оваа цел базата на податоци за настани кои предизвикуваат загуба продолжува да служи како корисен извор за идентификација на ризик. Како дополнение, целта на Одборот за управување со ИТ прашања е да го намали оперативниот ризик поврзан со спроведувањето на нови проекти.

На крај, земајќи ја предвид целокупната позиција на ризик, FitchRatings го потврди рејтингот на банката во однос на ризикот од странска валута на BB+ со стабилна перспектива. И покрај тоа, не сме со намера да се потпираме на стари постигнувања: управувањето со ризик е поле во развој во кое што процедурите и алатките постојано се ревидираат и подобруваат.