28 декември 2009г., Струмица
Информативно-интерактивен настан за запознавање со апликацискиот пакет за ИПАРД програмата и промоција на новите кредитни линии и услуги на ПроКредит Банка адаптирани според ИПАРД програмата
Во насока на поддршка на развојот на земјоделието како една од најважните гранки за развој на економијата во Македонија, а воедно ефикасно искористување на Претпристапните фондови од ЕУ, ПроКредит Банка и Сојузот на стопански комори на Македонија организираа информативно-интерактивен настан наменет за агро бизнис секторот кој се одржа на 24 декември 2009г. во Струмица.
Целта за одржувањето на овој настан беше детално запознавање на претставниците на земјоделскот сектор со апликациите за мерката 101, 103 и 302, процесот и начинот за пополнување на бизнис планот и договорот кој е потребно корисниците на ИПАРД програмата да го потпишат со Платежната агенција. Дополнително, како една од најважните работи земајќи го во предвид начинот за финансирање и реализација на ИПАРД програмата, од страна на ПроКредит Банка промотивно беа претставени најновите кредитни линии со пониски каматни стапки и поволности адаптирани според ИПАРД програмата.
ПроКредит Банка е една од првите банки на пазарот која понуди посебни услови и кредити наменети за земјоделците, адаптирани на нивните потреби. ССК и ПроКредит Банка склучија договор за соработка во јули годинава, чија цел е засилување на поддршката кон бизнис заедницата преку организирање на заеднички активности за претпријатијата.