Добивај ги сите новости во твоето сандаче

Менувачка курсна листа

17.05.2012
  • EUR 61,35 61,6236 61,75
  • USD 47,40 48,3778 49,30
  • CHF 49,50 51,3060 53,00
  • GBP 75,90 77,1018 78,40
  • AUD 47,05 48,0946 49,05

Инкасо

Инкасото се изработува во согласност со Еднообразните правила за документарни колекции (инкасо) – МТК публикација 522, 1995 (Uniform Rules for Collections – ICC Publication 522 1995 Revision). Дефиниција –Инкасо (Documentary collection) представува сет од документи со содржина претходно договорена помеѓу договорните страни кој банката на извозникот ги испраќа до банката на увозникот на стоката. Инкасото за разлика од плаќањето со дознака е инструмент кој нуди поголем степен на заштита но помал отколку плаќањето со акредитив. Но од друга страна трошоците за инкасото се далеку помали од оние за акредитивот. 

 

Предности:

  • Директен и  економичен процес на плаќање
  • Стоката може да се повлече во моментот на плаќање на документите
  • Поедноставна постапка
  • Одреден степен на заштита (проверка на исправноста, квалитетот, квантитетот, начинот на испорака, превозот/транспортот на испратената стока во зависност од испратените документи итн.)

Слабости:

  • Плаќањето не е гарантирано како кај акредитивот. Политичките и ризиците на трансфер на документите не се покриени
  • Валутата (датумот) на плаќање не е јасно дефинирана
  • Ако купувачот одбие да ги прифати документите во тој случај стоката ќе остане без купувач и може да се јават проблеми за продавачот за продажба на стоката
  • Со инкасото, продавачот се изложува на одреден ризик при производството/испораката на стоката или за обезбедување на било каква услуга пред да го добие плаќањето.

Продавачот треба да преферира инкасо само доколку:

  • Помеѓу продавачот и купувачот постои стабилен деловен однос и степен на доверба
  • Продавачот воопшто да не се сомнева во намерата на купувачот за плаќање/прифаќање на стоката
  • Земјата на купувачот би требало да е економски, политички и правно стабилна

Обврската на Банката е ограничена само на ослободување на документите наспроти плаќање (against payment), прифаќање (acceptance) или ветување (promise of payment /letter of undertaking/) за плаќање од купувачот.

Страни:

  • Извозник, трасат, продавач (exporter, principal, drawer) – страна која ги испраќа/ги проверува документите за наплата во банка
  • Банка на извозникотt (remitting bank) – банката во која продавачот ги поднел/приложил документите и банка која ги испраќа документите
  • Посредничка банка (collecting bank) – Било која банка освен банката на продавачот која е инволвирана во процесот на инкасото т.е.  банка која дејствува како посредничка или како агент на банката на извозникот.
  • Банка на увозникот (presenting bank) – банка која го проследува инкасото до увозникот
  • Увозник, купувач, трасат (importer, buyer, drawee) – страната на која и се презентираат/ги купува документите.

Типови  на инкасо документи

Извозно инкасо

Продавачот / извозникот, е одговорен за презентација на документите во банката со инструкции за наплата по Инкасо. Ако веќе стоката е произведена и испратена, без предходен договор, со Инкасо се добива ограничена заштита од неплаќање.

Увозно инкасо

Купувачот на стока или услуги е корисник (drawee) при плаќање со Инкасо. Кога документите ќе пристигнат во банката на корисникот истиот ќе биде веднаш известен. На располагање на корисникот ќе бидат информациите во врска со документите како и увидот во документите, а по плаќањето истите ќе бидат ставени на располагање.

Видови на инкасо

Документи наспроти плаќање или наспроти кеш (Documents against payment = D/P or cash against documents = C.a.D.)

Документи наспроти прифаќање (Documents against acceptance (D/A) (Documents against Acceptance = D/A)

Документи наспроти писмо за прифаќање (Documents against letter of undertaking)