БАНКАРСКИ ГАРАНЦИИ
ПроКредит Банка издава гаранции во странска валута и во домашна валута и посредува при проследување гаранции добиени од други банки.
Гаранциите се сосема одвоени трансакции од договорите или другите документи на кои тие се базирани.
ПроКредит Банка е единствена банка во Република Македонија која е рангирана според Fitch Ratings со кредитен рејтинг BB+ со стабилен тренд на развој.


извор: www.fitchratings.com
ПроКредит Банка ги издава сите видови банкарски гаранции и тоа:
Клиентот аплицира со пополнување на барање за издавање на банкарска гаранција.
Банката издава гаранции со парично покритие и со друго обезбедување согласно политиката и ценовникот на ПроКредит Банка.
Дефиниција
Со банкарската гаранција банката се обврзува спрема примачот на гаранцијата (корисникот) дека доколку во случај трето лице (налогодавачот) да не ја исполни дооговорената обврската, таа (банката) ќе ја намири обврската (изразено во парични средства) доколку бидат исполнети условите наведени во гаранцијата. Гаранцијата мора да биде издадена во писмена форма. Налогодавач по гаранцијата може да биде физичко и правно лице. Гаранциите кои се издаваат во корист на резиденти се издаваат во домашна валута (МКД), а гаранциите кои се издаваат во корист на нерезиденти може да се издадат во сите валути со кои работи банката. Износот и валидноста (траењето) на гаранцијата се утврдува согласно приложената документација и кредитната одлука на ПроКредит Банка.
Плаќањето по гаранција се извршува на првото барање на корисникот и по презентација на документите наведени во текстот на гаранцијата. Доколку условите се исполнети плаќањата се извршуваат во рок од 5 (пет) работни дена.

Регулатива за издавање на банкарски гаранции
Банкарските гаранции се издадат во согласност со: Еднообразните правила за гаранции на повик публикација МТК 7458 (Uniform rules for demand guarantees ICC Publication 7458). Страни во гаранцијата
Во процесот на банкарската гаранција се јавуваат повеќе партиципиенти и тоа:
- Налогодавач по гаранција
- Корисник на гаранција
- Банка на налогодавачот
- Банка на корисникот (опционално)
- Посредничка банка (опционално)
- Конфирмирачка банка (опционално)
-
Зошто гаранција или акредитив?
- Со гаранцијата или акредитивот се добива поголема сигурност во извршувањето на договорот (добро извршување, испорака / плаќање на стока итн.), изразена во плаќање на паричните средства од банката-гарант.
- Го штитат договорот од неисполнување на обврските, а со тоа го штитат бизнисот од непредвидени трошоци и одложувања
- Доколку постои мал степен на несигурност во деловниот партнер секогаш би требало да се користат инструментите на обезбедување