флексибилен влог
Флексибилниот штеден влог е депозит со фиксна каматна стапка и со можност за пристап до средствата без разорочување на депозитот и влијание врз каматната стапка.
Најатрактивна карактеристика на Флексибилниот штеден влог e можноста за повлекување на дел од износот за времетраењето на орочувањето, оставајќи задолжителн минимално салдо наведено во тарифата. Во случај на предвремено разорочување на штедниот влог, се пресметува камата по видување на повлечениот износ, а на останатиот износ се пресметува камата за орочениот период.
Преземи Ценовник на ПроКредит Банка
Фондот ги обештетува осигурените депозити но не повеќе од денарска противвредност на 30.000 евра по депозит во една банка, филијала на странска банка или штедилница пресметани по среден курс на Народна банка на Република Македонија на денот на решението.
Во износот се пресметува главнината на депозитот, договорената пресметана и пропишана камата и непристигнатата камата до денот на решението.Обештетувањето на денарските и девизните депозити се врши исклучиво во денари.
