Добивај ги сите новости во твоето сандаче

Менувачка курсна листа

17.05.2012
  • EUR 61,35 61,6236 61,75
  • USD 47,40 48,3778 49,30
  • CHF 49,50 51,3060 53,00
  • GBP 75,90 77,1018 78,40
  • AUD 47,05 48,0946 49,05

ЕКО КРЕДИТ 

Што значи енергетска ефикасност?
Енергетска ефикасност значи изведување иста или поголема  количина на активности со исто или помало количество на потрошена енергија (топлинска, светлосна, кинетичка).

Што значи обновлива енергија?
Обновлива енергија е енергија која се обновува брзо преку природните процеси. Обновливи извори на енергија се сонце, ветер, вода, геотермија или биомаса. Предноста на овие извори е тоа што тие се во неограничени количини и нивното користење на ја загадува околината.

Што е ЕКО-кредит?
ЕКО кредитите се наменети за инвестиции во проекти кои имаат ефект на заштеда на енергија, зголемување на енергетска ефикасност и намалување на загадување на атмосферата со CO2(јаглерод диоксид).Овој кредит може да го користат домаќинства и бизнис секторот. 

Со ЕКО кредитите за енергетска ефикасност се постигнува: 

  • Заштеда на енергија;
  • Поврат на инвестицијата на долг рок;
  • Поефикасно управување со природните ресурси;
  • Придонес за здрава околина.                                                                                                                   PDF Брошура

Што може да се финансира со ЕКО кредитот?
Со ЕКО-кредитите, во стамбени објекти или канцеларии, може да се финансираат следниве активности:    

  • Ефикасно осветлување и апарарати за домаќинството;
  • Подобрување на топлотната изолација (изолација на фасади, покриви, тавани, ѕидови и подови, врати и прозорци);        
  • Подобрување на довод и пренос на топла вода;                                  
  • Систем за греење и вентилација;                                                                                             
  • Пренос на соларна, ветерна и друга обновлива енергија.                          

 Карактеристики на ЕКО кредитот: 

  • Износи според потребата на инвестицијата;
  • Рок на отплата до 15 години;
  • Намалена каматна стапка до 2%;
  • Флексибилно обезбедување.