|
ДЕЛОВНА СРЕДБА 26 декември 2008 Скопје
ДЕЛОВНА СРЕДБА на стопанствениците со Премиерот и економскиот тим на Владата на Република Македонија
Во организација на Сојузот на стопански комори а под покровителство на ПроКредит Банка на 26 декември 2008г се одржа деловен ручек на стопанствениците со премиерот Никола Груевски и економскиот тим на Владата.
Целта на одржувањето на деловната средба беше размена на идеи и предлози за надминување на одредени проблеми во економската сфера. На деловната средба, стопанствениците предложија да се укинат уплатите на аконтација на данокот на добивка, потоа стимулациите во земјоделието да се исплаќаат навремено т.е. да бидат врзани со рокови пред одредени активности во земјоделието, како и да се формира Министерство за храна во кое би била опфатена целокупната проблематика.
Трговскиот дефицит е најголемата опасност за македонската економија и потребни се структурни реформи, односно најважно е да се даде поттик на остварање на микро, мали и средни претрпијатија и тие да се насочат да завземат извозна ориентација.
|