3 март 2010
НОВО ОД ПРОКРЕДИТ БАНКА: БИЗНИС ПАКЕТИ
Промовирајќи подобро банкарство за бизнис секторот, ПроКредит Банка понуди посебни бизнис пакети наменети за претпријатијата.
Бизнис пакетот, меѓу другите стандардни услуги, содржи голем број на поволности како: годишна каматна стапка од 7,5 % на дозволено пречекорување на сметка, кредитирање со намалени каматни стапки, рефинансирање на кредити без првизија при исплата, електронско банкарство без месечен надомест и посебни поволности за вработените во претпријатието. Пакетите се наменети за претпријатијата кои имаат приходи поголеми од 6 милиони денари, но и за оние до таа сума ПроКредит Банка исто така подготви посебен пакет на услуги со намалени каматни стапки и голем број на поволности.
“Очекуваме апсолутен пораст на кредитирањето во 2010 година и поголема одлучност од страна на претпријатијата да инвестираат во својот развој. Токму затоа подготвивме посебни бизнис пакети адаптирани на потребите на претпријатијата, со кои веруваме дека ќе ги поддржиме нивните активности и ќе помогнеме во нивниот раст” истакна Јованка Јолеска Поповска, генерален директор на ПроКредит Банка.
|