15 јуни 2010г.
БИЗНИС КОКТЕЛ НА ПРОКРЕДИТ БАНКА “ВРЕМЕ Е ЗА БИЗНИС” - куманово

На 15 јуни 2010г. во Куманово, ПроКредит Банка организираше бизнис коктел со наслов „Време е за бизнис“. На коктелот на кој присуствуваа голем број на стопанственици, клиенти и соработници на ПроКредит Банка, се промовираа бизнис пакетите со специјални услови за развој на претпријатијата.
“Несомнено, како Банка која верува во развојот на македонското претприемништво, и оваа година силно ќе се посветиме на бизнис секторот и енергично ќе ги поддржиме нивните активности. Очекуваме апсолутна одлучност од страна на претпријатијата да инвестираат во својот развој и токму затоа подготвивме посебни бизнис пакети со бројни поволности,” изјави Емилија Спировска, член на Управниот одбор, во воведното обраќање пред многубројните гости.
Покрај промоцијата на бизнис пакетите, гостите имаа директна можност да се запознаат со менаџментот на ПроКредит Банка и да поразговараат за банкарството кое им е потребно во нивниот развоен пат. Настанот беше поддржан и од поголемите македонските и меѓународни стопански комори (Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори, Македонско-германска комора, Американска комора во Македонија) кои информира за развојните перспективи на претпријатијата.