Добивај ги сите новости во твоето сандаче

Менувачка курсна листа

17.05.2012
  • EUR 61,35 61,6236 61,75
  • USD 47,40 48,3778 49,30
  • CHF 49,50 51,3060 53,00
  • GBP 75,90 77,1018 78,40
  • AUD 47,05 48,0946 49,05

6 мај 2010г.

БИЗНИС КОКТЕЛ НА ПРОКРЕДИТ БАНКА “ВРЕМЕ Е ЗА БИЗНИС” - Битола

На 6 мај 2010, во хотел Епинал, Битола, ПроКредит Банка организираше бизнис коктел со наслов „Време е за бизнис“. На коктелот на кој присуствуваа голем број на стопанственици, клиенти и соработници на ПроКредит Банка од пелагонискиот регион, се промовираа бизнис пакетите со специјални услови за развој на претпријатијата.

Бизнис пакетите содржат голем број на поволности како: годишна каматна стапка од 7,5 % на дозволено пречекорување на сметка, кредитирање со намалени каматни стапки, рефинансирање на кредити без првизија при исплата, електронско банкарство без месечен надомест и посебни поволности за вработените во претпријатието.

“Несомнено, како Банка која верува во развојот на македонското претприемништво, и оваа година силно ќе се посветиме на бизнис секторот и енергично ќе ги поддржиме нивните активности. Очекуваме апсолутна одлучност од страна на претпријатијата да инвестираат во својот развој и токму затоа подготвивме посебни бизнис пакети  со бројни поволности,” изјави Емилија Спировска, член на Управниот одбор, во воведното обраќање пред многубројните гости.

Покрај промоцијата на бизнис пакетите, гостите имаа директна можност да се запознаат со менаџментот на ПроКредит Банка и да поразговараат за банкарството кое им е потребно во нивниот развоен пат. Настанот беше поддржан и од поголемите  македонските и меѓународни стопански комори (Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори, Македонско-германска комора, Американска комора во Македонија) кои информираа за развојните перспективи на претпријатијата. 

ПроКредит Банка е банка лидер во понудата на одговорни финансиски услуги, а тоа го докажа со порастот во кредитнотo портфолио во првиот квартал од годината, кој пораст е двојно поголем од порастот на банкарскиот сектор.

- Кредитна линија за развој на МСТД: Фиксна каматна стапка - 8% годишно;

- Кредити за извоз: 
Фиксна каматна стапка - 6% годишно.

Кредитни линии МБПР:
- Кредитирање на мали и средни претпријатија ЕИБ: Фиксна каматна стапка - 5,5% годишно;

- КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗКДФ: Фиксна каматна стапка - 4% годишно;