|
БИЗНИС ФОРУМ ноември 2008 Гевгелија
БИЗНИС ФОРУМ за подобрувањето на конкурентноста на малите и средни претпријатија
Во рамките на Светската недела на претприемништвото, во ноември, 2008 во Гевгелија се отвори Бизнис клубот на стопанственици организиран од страна на Сојузот на стопански комори на Македонија, а поддржан од Британската амбасада.
Тема на форумот беше подобрувањето на конкурентноста на малите и средни претпријатија во насока на соочување со предизвиците и предлагање на конкретни чекори за подобрување на нивната пазарна позиција.
Во рамките на настанот се одржа и финансиска работилница на тема "Како подобро до финансирање на бизнисот" на малите и средни претпријатија. Поканети беа претприемачи од целиот југо-источен регион: Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово.
ПроКредит Банка настапи на финансиската работилница со презентација од едукативен карактер која обработуваше "одговорно кредитирање". Беа презентирани видовите на бизнис кредити, нивната намена за основни и обртни средства, кредитната технологија и значајноста на транспарентното прикажување на вкупните трошоци поврзани со кредитите.
Црпејќи искуство од учеството на вакви семинари и бизнис форуми, ПроКредит Банка ќе продолжи активно да учествува на истите, с? со цел да биде поблиску до бизнис заедницата, да ги осознава нивните потреби и да понуди адекватни решенија.
|