БИЗНИС ЦЕНТАР
Водејќи се од идејата да понуди подобро банкарство за претпријатијата, кое се темели на принципите на брзина, флексибилност, транспарентност и индивидуален пристап, ПроКредит Банка го воведе коцептот на бизнис центар. Со отворањето на бизнис центрите им овозможуваме на претпријатијата да можат на едно место да добијат комплетна и висококвалитетна банкарска услуга без притоа да губат од своето време.
Покрај тоа што Бизнис центрите се место каде што клиентите можат да добијат комплетна банкарска услуга, истите ќе бидат насочени и кон континуирано организирање на работилници, семинари, форуми за бизнис заедницата со што ќе придонесат за размена на искуство помеѓу претприемачите и дискусија за реалните проблеми и предзвици со кои се соочуваат.
Досега бизнис центри се отворени во Скопје, Битола, Тетово и Струмица.
Првиот бизнис центар ПроКредит Банка го отвори во Скопје во 2006 година.
|

|

Бизнис Центар Скопје Јуриј Гагарин 17 Тел. ++ 389 2 3097 500 Факс ++ 389 2 3097 501
Работно време работни саати: 8:00 - 18:00 ч
infobc@procreditbank.com.mk |